Манчестер Јунајтед доживеа елиминација во Лига Купот и беше сопрен во четвртфиналето од Тотенхем, натпрвар кој беше одбележан од вистинска голеада во второто полувреме.
Јунајтед се врати од три гола негатива и беше во игра за израмнување, но на крајот загуби 4:3 и мораше да се помири со пораз од кој дел не беше Маркус Рашфорд.
Менаџерот Рубен Аморим го врати во првиот тим Алехандро Гарначо, меѓутоа случајот не беше ист со Рашфорд кој остана прецртан втор натпревар во низа.
Сосема очекувано, англиските новинари извршија „напад“ врз Аморим со оглед на новата одлука која ја донесе, бидејќи одредени медиуми почнаа да заклучуваат дека ова е дефинитивен крај за Маркус на „Олд Трафорд“.
– Сигурен сум дека не носам грешна одлука. Секогаш ја правам вистинската работа за тимот, па затоа ќе кажам дека неговото отсуство не е грешка. Мора да направиме избор, едноставно станува збор за селекција на играчи. Кога подготвувате некој натпревар, се потпирате на интуиција и правите визуелизација што може да се случи и кој играч може да ви помогне.
– Не би рекол дека носам грешна одлука, секогаш имам идеја да го направам најдоброто за тимот. Ги бирам играчите кои чувстувам дека се подготвени да одговорат на барањата на еден тежок натпревар. Цела недела се обидувам да визуелизирам и ги избрав играчите кои мислев дека се подготвени за овој меч, – изјави Аморим.