Home » Аморим е нов менаџер на Манчестер јунајтед, но ќе почека за деби на клупата

Аморим е нов менаџер на Манчестер јунајтед, но ќе почека за деби на клупата

by Lina Muslija

Манчестер јунајтед и Спортинг ги договорија условите за тренерот Рубен Аморим. Португалскиот стратег ќе седне на клупата на „Олд Трафорд“, а тимот од Лисабон ќе инкасира 10 милиони евра обештетување и плус 1 милион за неговиот стручен штаб.

Аморим сепак ќе почека на деби во Манчестер, бидејќи двата клуба се договорија тој да остане на клупата на Спортинг за следните три натпревари. Па се очекува 39-годишниот тренер да почне со работа во Јунајтед за време на интернационалната пауза, а дебито да го има против Ипсвич на 24.ноември. Неговиот договор ќе биде до јуни 2027 година.

За потсетување, челниците на премиерлигашот го отпуштија Ерик тен Хаг во понеделникот, па клупската легенда Руд ван Нистерлуј во преводеше тимот синоќа во победата од 5-2 против Лестер сити во Лига купот. Холанѓанецот се очекува да го води Јунајтед до доаѓањето на Аморим, а потоа ќе си замине од клубот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk