Home » Американскиот Сенат предложи резолуција за поддршка на влезот на С. Македонија во ЕУ

Американскиот Сенат предложи резолуција за поддршка на влезот на С. Македонија во ЕУ

by Журнал.мк

САД го поддржаа пристапувањето на С. Македонија во Европската Унија во најнова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт – Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир – Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина – Пит Рикетс и Том Тилис.

Како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.

– Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со Владата на Северна Македонија, да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија – се вели во резолуцијата.

Во резолцијата се нагласува и поддршката на Сенатот за македонската влада да ги преземе реформите неопходни за унапредување на членството во ЕУ.

Сенатот ја „охрабрува Владата на Северна Македонија да продолжи со својата важна работа за членство во Европската Унијата, како и напорите за продолжување на мирот, стабилноста и просперитет во Источна Европа“.

С. Македонија е првата држава од Западен Балкан што потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ и стана официјална кандидатка за ЕУ во 2005 година, како и прва држава од Западен Балкан што почна стратешки дијалог со САД во јуни 2022 година, како дел од Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008 година.

– Северна Македонија останува важен безбедносен партнер на Европска Унија и САД и НАТО сојузник, обезбедувајќи ја Украина со хуманитарна помош и значителна воена опрема, гласајќи во корист на Советот за безбедност на Обединетите нации и резолуциите на Генералното собрание против руската агресија, усвојувајќи ги сите руски санкции од Европската Унија – пишува во резолуцијата.

– Пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија ќе ја зајакне регионалната стабилност на Западен Балкан, ќе ја промовира европската кохезија и дополнително ќе го отфрли руското малигно влијание во регионот и пошироко. Натамошниот напредок на Северна Македонија во процесот на пристапување означува важна пресвртница за земја која веќе направи значајни чекори на тој пат. Северна Македонија продолжува да демонстрира посветеност на демократските реформи, владеењето на правото и трансатлантското партнерство. Уверен сум дека членството на Северна Македонија во ЕУ ќе донесе зголемени можности за бизнис и трговија, како и дополнителна координација меѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Северна Македонија – рече сенаторот Питер Велч.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More