Home » Американскиот командант на ЦЕНТКОМ пристигна во Израел на состаноци по напредокот за прекин на огнот во Газа

Американскиот командант на ЦЕНТКОМ пристигна во Израел на состаноци по напредокот за прекин на огнот во Газа

by Журнал.мк

Командантот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), генерал Мајкл Курила, вчера пристигна во Израел за да одржи итни состаноци со израелските власти по извештаите за значителен напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа помеѓу Израел и палестинската група Хамас, јавува Анадолу.

Израелскиот јавен радиодифузер КАН објави дека Курила пристигнал вчера попладне во Израел, но не даде повеќе детали за неговата агенда или за состаноците со израелските функционери.

Посетата на Курила се случува во време на наводи дека Палестинците и Израелците се блиску до договор за прекин на огнот и размена на затвореници и ослободување заложници, со цел да се стави крај на тековната војна во Газа.

Израелската армија продолжува со својата офанзива во Газа, во која досега загинаа над 46.500 Палестинци, повеќето жени и деца, од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот.

Пред да пристигне во Тел Авив, генералот Курила ги посети Египет, Саудиска Арабија и Либан за да разговара за регионалните случувања и безбедносните прашања, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Во Египет и Саудиска Арабија тој одржа средби со началниците на армиите на овие земји, при што дискутирале за заедничките интереси и безбедносните предизвици во регионот.

Во Либан, Курила се сретна со либанскиот претседател Жозеф Аун со кој е разговарано за „зајакнување на капацитетите и оперативната подготвеност“ на либанската армија, според ЦЕНТКОМ.

Тие, исто така, „разговараа за напредокот постигнат со спроведувањето на механизмот за следење“ на договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Либан, кој стапи на сила на 27 ноември.

Според условите за прекин на огнот, Израел е обврзан да ги повлече своите сили јужно од Сината линија – де факто граница – во фази, а либанската армија треба да се распореди во Јужен Либан во рок од 60 дена.

Податоците на Министерството за здравство на Либан покажуваат дека од почетокот на израелската офанзива на 8 октомври 2023 година убиени се најмалку 4.068 луѓе, меѓу кои жени, деца и здравствени работници, а 16.668 се повредени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk