Home » Американски карго авиони пренесуваат тешко вооружување во Израел во екот на војната во Газа

Американски карго авиони пренесуваат тешко вооружување во Израел во екот на војната во Газа

by Журнал.мк

Десетици американски карго авиони со тешко вооружување и муниција слетаа во Израел во текот на изминатите денови, во екот на тековната војна во Газа и можната ескалација против Иран, јавија израелските медиуми денес, пренесува Анадолу.

Според јавниот радиодифузен сервис КАН, транспортни авиони од типот Ц-17 донеле оружје и муниција од американски бази низ светот во воздухопловната база Неватим, која се наоѓа во јужниот дел на Израел.

Во пратките, како што се наведува, има тешки бомби MK-84 и друга муниција за поддршка на воените операции во Газа, но и за подготовка за можен напад врз Иран во координација со САД, доколку не успеат тековните нуклеарни преговори меѓу Вашингтон и Техеран.

„Во пратките, исто така, има ракети-пресретнувачи за американските антиракетни системи ТХАД распоредени во регионот“, наведува КАН.

Минатата недела САД и Иран ја одржаа првата рунда индиректни преговори во Оман, а втората рунда е закажана за сабота.

Според информациите на КАН, Израел очекува да добие илјадници дополнителни единици муниција наредните недели за да ги обнови своите складишта што беа испразнети за време на војната во Газа.

Израелските власти сè уште официјално не потврдуваат за овие пратки.

На 18 март израелската армија ја обнови смртоносната офанзива во Газа и покрај договорот за прекин на огнот и за размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Според податоците, од почетокот на офанзивата во октомври 2023 година во Газа се убиени најмалку 51.000 Палестинци, најголем број жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Газа.

Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за својата војна против енклавата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk