Пејачката Селена Гомез неодамна објави видео во кое емотивно реагираше на депортацијата на мигранти во САД, но набрзо го избриша.
И покрај тоа, видеото предизвика бурни реакции, особено од поддржувачите на Доналд Трамп, а сега ја критикуваше и политичката коментаторка Мегин Кели.
„Таа не е добро, очигледно е нестабилна личност. Секој што се снима како плаче и го објавува тоа е болен“, изјави Кели, додавајќи дека Гомез, иако го избришала видеото, била шокирана од негативните коментари.
По објавата, некои побараа и нејзина депортација. Кандидатот за Сенат, Сем Паркер, рече дека „нема место за поддржувачи на спротивната страна“ и ја обвини пејачката дека ги избира „илегалците пред Америка“.
Гомез, чија фамилија потекнува од Мексико, истакна дека е горда што е Американка благодарение на храброста и жртвата на своите предци.
„Имиграцијата е прашање за кое размислувам секој ден и знам колку сум благословена што сум родена тука“, порача таа.