4 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

AMD ги претстави Ryzen 5000 мобилните процесори со осум јадра

Најчитани вести

Во текот на годинашнио CES 2021 саем, AMD ја претстави најновата линија  Ryzen процесори дизајнирани за лаптопи. Оваа година ја добиваме Ryzen 5000 серијата, која е заснована на Zen 3 архитектурата на AMD, користи подобрен 7nm нод, а процесорите имаат до осум јадра.

Како и обично, постојат два вида мобилни процесори: U серијата за ултра-тенки лаптопи и H серијата за гејминг преносници. Серијата ја предводи Ryzen 7 5800U, со осум јадра и 16 нишки, со максимален boost такт од 4,4GHz. Ryzen 7 5800U ветува и поефикасна потрошувачка и ќе понуди до 21 час репродукција на видео и 17,5 часа вообичаено користење.

Кога станува збор за гејминг моделите, AMD ги најави Ryzen 9 5900HX и 5980HX. И тука станува збор за модели со осум јадра и 16 нишки. Главната разлика е во тоа што 5980HX нуди boost до 4,8GHz, наспроти 4,6GHz за Ryzen 9 5900HX. Двата моделa имаат 20 MB комбиниран L2 и L3 cache и TDP од 45W или повисок.

AMD во текот на својата CES презентација најави дека ќе ја донесе RDNA2 архитектурата на мобилните графички процесори во текот на првата половина од годината. Компанијата не ги објави конкретните производи што ќе бидат објавени.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести