Висока турска делегација предводена од Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Фатих Улусој и Почесниот конзул во Охрид Абдурахим Бајрактар беа во работна посета на Општина Охрид.
– На средбата со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков се разговараше за скапоцените Ракописи, Укази и останати пишувани документи и материјални блага од времето на турската империја кои се сопственост на видна турска фамилија од Охрид. Се разгледуваа можностите за изградба на објект со поставки каде што тие би биле изложени за пошироката јавност како интересна туристичка понуда. Се сложивме дека неопходна е реконструкција на централната зграда од ООУ „ Братство Единство“, проект кој требаше финансиски да биде поддржан од ТИКА, а Локалната власт да ја обезбеди потребната документација и одобрението за градба, информираат од кабинетот на Пецаков.
Додаваат дека на средбата се сумирале и првите позитивни впечатоци и позитивниот бенефит по воведувањето на директната авио-линија, Истанбул-Охрид-Истанбул со четири летови неделно.