25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Алтернатива: Дали казната за неносење маски е само за обичните граѓани?

Најчитани вести

Опозициската Алтернатив денеска со отворено прашање до министерот за внатрешни Оливер Спасовски дали обврскатѕа за носење заштитни маски важи подеднакво за сите граѓани на Република Македонија, а доколку е тоа така, очекува санкции за вчерашната прослава на роденденот на лидер на една политичка партија во јавен објект.

„ Го прашуваме министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за кого важи казната за маски во оваа држава? Дали оваа казна се однесува само на обичните граѓани кои не се на власт или на сите граѓани подеднакво?

Доколку вашиот одговор е вториот, тогаш ние очекуваме да ѝ докажете на јавноста дека Министерството за внатрешни работи ги казнило и овие лица за неносење маска. Само тогаш ќе имате право да продолжите да ги казнувате граѓаните за неносење маска. Напротив, веќе немате морал да изрекувате казни и ова ќе биде доказ дека на вас ви паднаа маските и го открија вистинското лице на владата, која има за цел да ги одере граѓаните со цел да ги засили луѓето од власта“, велат од Алтернатива.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести