Кинескиот производител на електрични мотоцикли, Alrendo, не е особено познато име, но неговиот нов модел без сомнение ќе привлече големо внимание…
Запознајте го TS Bravo, возило на две тркала што може да се пофали со исклучителна автономија и брзо време на полнење.
И иако можеби мислите дека се работи за уште една електрична креација од најнаселената земја во светот, Alrendo TS Bravo е навистина интересна креација.
Причината е едноставна. Тимот зад TS Bravo некако успеа да создаде батерија од 17,4 kWh која испорачува фантастичен опсег од 438 km. Покрај тоа, мотоциклот тежи 245 килограми.
Мотоциклот може да се пофали со 58 kW (77,7 КС) и 117 Nm максимален вртежен момент. За жал, верзијата наменета за европскиот пазар поради прописите ќе биде ограничена на само 11 kW (14,7 КС) и вртежен момент од 54 Nm.
Од механички аспект гледано, TS Bravo има прилагодлива суспензија, како и двојни сопирачки клешти на предното тркало, со диск од 300 mm.
Назад има диск од 240 мм.
Кога станува збор за пневматиците тие се со големина 120/70-17 напред и 180/55-17 назад.
Според достапните информации, Alrendo работи на уште еден нов модел.
Станува збор за мотоцикл со име TS Alpha, кој ќе ја дели рамката и дизајнот со TS Bravo, но ќе понуди значително подобри перформанси.