Home » Алонсо: Прекрасно е што повторно сум на „Енфилд“

Алонсо: Прекрасно е што повторно сум на „Енфилд“

by Lina Muslija

Вечерашниот меч помеѓу Ливерпул и Баер Леверкузен ќе биде посебно емотивен за тренерот на германскиот тим, Чаби Алонсо, кој пет години играше за Црвените и беше еден од клучните играчи во историското финале на ЛШ со пресвртот од 0-3 до 3-3 и потоа победа на пенали против Милан.

„Прекрасно е што повторно сум тука по неколку години. Секогаш е специјално за мене кога доаѓам во Ливерпул. Го сакам овој град. Нема ништо подобро од меч во ЛШ на ‘Енфилд’. Ми се допаѓа кога го гледам напредокот на клубот“, рече Алонсо, кој негираше дека во март годинава преговарал со Ливерпул откако се дозна дека Јирген Клоп си оди.

„Знам дека се спомнуваше моето име како наследник на Клоп, но не сум преговарал со никого пролетоска. Бев фокусиран на освојување на титулата во Бундеслигата“, објасни Алонсо, кого сега го спомнуваат како фаворит за преземање на Реал Мадрид по заминувањето на Карло Анчелоти, кому оваа сезона може да му биде последна.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk