HomeМакедонијаАлиу: Работиме за повредените од пожарот во Пулс да бидат ослободени од...

Алиу: Работиме за повредените од пожарот во Пулс да бидат ослободени од партиципација

- Advertisement -spot_img

И по речиси една година од трагедијата во кочанската дискотека Пулс, државата и понатаму размислува дали да ја укине партиципацијата, што ја плаќаат повредените од кобниот 16ти Март.

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека Министерството сè уште работи за повредените во Пулс да бидат ослободени од партиципација, а станува збор за околу 200 лица, кои лани ноќта помеѓу 15 и 16 март беа повредени, од кои најголем дел се млади луѓе.

Во пресрет на одбележувањето на годишнината од трагедијата, министерот за здравство денеска од Кочани најави уредување на просторот околу општата болница со проширена дејност и средување на асфалтните површини. Според Алиу, станува збор за активности кои треба да го подобрат пристапот до болницата и условите за пациентите и медицинскиот персонал.

Министерот потсети дека денешната посета е продолжение на институционалната грижа за Кочани, откако кон крајот на ноември минатата година во регионот беше отворен регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка.

Инаку, планирано е и демонтирање и отстранување на модуларната болница во Кочани, со што дополнително ќе се ослободи простор за паркинг места.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img