Home » Алиу и Меџити: Нема да поднесеме оставка, АА е единствена

Алиу и Меџити: Нема да поднесеме оставка, АА е единствена

by Журнал

Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Според нив, Алијанса за Албанците (AA) е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.

Како што рече Алиу, „група во партијата, за нејзини цели, кои ние навистина не ги знаеме во моментов, се здружи со ДУИ и прави таков отпор за АА да оди заедно со ДУИ на изборите“.

И Алиу и Меџити напоменаа дека како министри постигнале одлични резултати, работеле дговорно, чесно и транспарентно и тоа, веројатно, некому му пречи.

-Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите, што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам, дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии нека пробаат, изјавија Алиу и Меџити на прес-конференција пред Владата.

Кадровската комисија на АА попладнево одлучила да му предложи на техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министрите Алиу и Меџити.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More