4.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Алијанса за Албанците обвинува: Систематизацијата во МВР е за да се влијае на изборите

Најчитани вести

Алијанса за Албанците денеска преку соопштение ги обвини владините коалициски партнери СДСМ и ДУИ дека по три години владеење сè што направиле било спротивно од ветувањата.

„Наместо да се намали криминалот и корупцијата, истите се зголемуваат, наместо да создадат подобар систем за безбедност на граѓаните, граѓаните сè уште немаат доверба во државните органи и наместо правичната и соодветната застапеност на граѓаните да се постигне, дискриминацијата воопшто не смени правец“, се наведува во партиското соопштение.

Од Алијанса за Албанците јавно го прашуваат министерот Оливер Спасовски зошто сè уште нема нов закон за внатрешни работи и полиција, со кое законско и уставно право се одвива систематизација и унапредување на полицискиот кадар, каде е албанскиот заменик министер да зборува за ниската застапеност на Албанците во МВР и, како што велат, го потсетуваат заменик министерот од ДУИ дека процентот на Албанците во хиерархијата на МВР е само 4%.

„Одделот за внатрешни работи при Алијанса за Албанците оценува дека во едно вакво време, нелегално е систематизирање на МВР за време пред изборите. Исто така, бараме работите на МВР да почнат да се регулираат со закон, а не со владини решенија, затоа што ваквата практика го докажува влијанието на партијата врз многу важни државни органи, како што е МВР“, се додава во соопштението.

Ставот на партијата е дека „овој скандал се случува во пресрет на изборите со цел да се користат меѓуинституционалните позиции за да се влијае на изборите, а тоа ја нарушува демократијата и слободниот избор на граѓаните“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com