23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Alienware го претстави својот прв лаптоп со AMD процесор уште од 2007. година

Најчитани вести

Dell претстави два нови лаптопи, од кои едниот припаѓа на гејминг брендот на компанијата, а другиот пристигнува во рамките на бренодт Alienware. И двата лаптопа имаат една заедничка карактеристика – ги покренуваат новите AMD Ryzen 5000 процесори, сè до моделот Ryzen R9 5900HX со осум јадра.

Компанијата ја почна својата објава со информацијата дека игрите како што се Halo 3, Call of Duty: Modern Warfare и The Orange Box имаат нешто заедничко со најновиот AMD гејминг лаптоп на Alienware – сите се објавени во 2007 година.

Двата нови лаптопи се Dell G15 и Alienware m15, а покрај Ryzen 5000 процесорот, ги красат и графички карти од Nvidia GeForce RTX 30 серијата. Исто така, двата модела имаат 3200MHz меморија, што може да се надгради од корисникот.

Alienware m15 има и нова Cherry MX тастатура, а ова партнерство го најави Dell пред неколку недели. Тастатурата пристигнува со поединечно RGB осветлување за копчињата. Лаптопот од 20. април ќе се продава по цена од 1795 долари.

Dell G15 лаптопите, со Intel процесор од 10. генерација, пристигнуваат од 13 април, додека Ryzen Edition моделите ќе бидат достапни од 4 мај. И двете варијанти ќе имаат почетна цена од 900 долари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести