Home » Али Ахмети се сретна со норвешкиот амбасадор во Хрватска: На регионот му треба стабилност и помирување

Али Ахмети се сретна со норвешкиот амбасадор во Хрватска: На регионот му треба стабилност и помирување

by Журнал.мк

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во Загреб се сретна со амбасадорот на Норвешка во Хрватска, г. Арне Бјорнстад.

Претседателот Ахмети и норвешкиот амбасадор разговараа за политичката ситуација во регионот, европската интеграција на Северна Македонија, Охридскиот договор и владеењето на правото.

Претседателот Ахмети го информира норвешкиот амбасадор дека по претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија, волјата на албанските граѓани не беше почитувана од мандатарот.

Стабилноста и безбедноста во земјата произлегуваат од Охридскиот договор кој ги регулира односите меѓу заедниците и гарантира мир, безбедност и стабилност.

Затоа, албанскиот јазик не треба да биде загрозен од политичките диктати на власта без етнички легитимитет.

Г-дин Ахмети изрази загриженост и за отстапувањето од европската перспектива и тензиите во односите со соседите.

Ахмети нагласи дека се потребни два историски процеси во регионот, првиот, историско албанско-српско помирување со меѓусебно признавање на Косово и Србија, како и регионален договор на сите соседи, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово, за не загрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk