Home » Али Ахмети го прими италијанскиот амбасадор Силвестри: Упадот врз албанскиот јазик и Охридскиот договор ја отежнуваат ситуацијата

Али Ахмети го прими италијанскиот амбасадор Силвестри: Упадот врз албанскиот јазик и Охридскиот договор ја отежнуваат ситуацијата

by Журнал.мк

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во Тетово го прими амбасадорот на Италија во нашата земја г. Андреа Силвестри.

Претседателот Ахмети и амбасадорот Силвестри разговараа за Охридскиот договор, изборите, реформите и владеењето на правото, како и за евроинтеграциите.

Претседателот Ахмети нагласи дека ДУИ и Европскиот фронт победија на претседателските и парламентарните избори, но оваа волја на граѓаните неправедно била игнорирана од Мандатарот.

Охридскиот договор е гарант за мирот, безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи во земјата.

Нарушувањето на изборниот легитимитет, тенденциозниот упад врз албанскиот јазик, етничката припадност и правичната и соодветна застапеност директно влијае на меѓуетничките односи и на стабилноста на државата.

Охридскиот договор го гарантираа ЕУ и САД, а дел од имплементацијата беа и НАТО и ОБСЕ.

И отстапувањето од европската перспектива ги вознемирува граѓаните и ја влошува политичката состојба во државата.

Политичкиот дијалог преку почитување на изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници треба да се воспоставк со заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk