Home » Али Ахмети го прифати предизвикот на Мицковски за заеднички избори во 2025 година

Али Ахмети го прифати предизвикот на Мицковски за заеднички избори во 2025 година

by Журнал.мк

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, синоќа на средбата со граѓаните на општина Боговиње изјави: „Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните следната година во Октомври, тогаш нека се подготви добро за догодина“.

Ахмети меѓу другото рече дека ја поддржува идејата на премиерот Мицковски во октомври следната година заедно со локалните избори да се одржат и парламентарните избори.

Заедничкото одржување на парламентарните и локалните избори во октомври 2025 година, исто така, им овозможува на граѓаните и на државата да заштедат десетици милиони евра во 2029 година, бидејќи локалните, парламентарните и претседателските избори ќе се организираат заедно.

„Самиот Мицкоски вчера изјави дека ќе имаме предвремени парламентарни и локални избори по една година. Македонската опозиција мора да биде храбра затоа што немаат што да загубат, нека се подготват добро по една година на терен на избори со ВМРО, а ние на избори со сите оние кои не мислат како нас и се претставуваат како претставници на Албанците во институциите на државата“, изјави синоќа првиот човек на ДУИ Али Ахмети.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk