Home » Алијансата за Албанците: Таравари ги остави здравствените работници без решенија и поради него денеска Албанците се избркaни од работа

Алијансата за Албанците: Таравари ги остави здравствените работници без решенија и поради него денеска Албанците се избркaни од работа

by Журнал.мк

Нелегитимниот министер за здравство Арбен Таравари е главниот виновник што стотици Албанци во различни клиники и болници низ земјава денеска остануваат на улица и им се раскинуваат договорите. Во времето кога Алијансата за Албанците беше во Владата, нашите министри предложија и ја донесоа одлуката за распишување на оглас за повеќе од 1100 вработени во здравството, со која беше предвидено вработените со договор на дело да земаат решенија за трајно вработување, велат од Алијанса за Албанците.

„Овој конкурс го процесираше поранешниот министер Илир Демири до последната фаза на тестирање и интервјуа. Со доаѓањето на Таравари на чело на министерството, тој од неговиот кабинет испрати мејл до сите институции да ја стопираат процедурата за спроведување на огласите, додека веднаш почна со разрешување и смена на директори, со цел полесно да се реализира ова сценарио“, велат оттаму и додаваат:

„Во дописот до здравствените установи Таравари пишува дека ќе следат и други активности, додека сведоци сме дека единствени активности што следеле биле раскинување на договорите за вработените Албанци и нивна замена со активисти на ВМРО и ЗНАМ.

Со оваа одлука, како и со одлуката за укинување на економските директори и врзаните потписи, Таравари потврди дека единствена негова мисија е спроведувањето на проектот на моноетничката влада за деалбанизација на здравството“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk