Home » Алијансата за Албанците предлага замена за Меџити и Алиу

Алијансата за Албанците предлага замена за Меџити и Алиу

by Журнал

Приврзаниците на Зијадин Села од Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објавија дека одлучиле да предложат нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата.

– Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:

– За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.

– За министер за информатичко општество и администрација се предлага г-дин Наим Бајрами, магистер по политички науки, се наведува во соопштението потпишано, како што се наведува, од Алијанса за Албанците.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More