Home » Алијанса за Албанците вчера изгласа изборен настап со албанската опозиција, Села денес организира нов состанок

Алијанса за Албанците вчера изгласа изборен настап со албанската опозиција, Села денес организира нов состанок

by Журнал

На состанокот на Алијанса за Албанците во Куманово на кој присуствуваше претседателот на партијата, Арбен Таравари со декларација беше потврдена коалицијата со албанскиот опозициски блок.

За денеска, пак, во Скопје е закажан состанок свикан од претседателот на Централното собрание на партијата Зијадин Села.

Во поканата за денешниот состанок, како прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања во врска со наредните претседателски и парламентарни избори, а втората точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21 октомври минатата година, околу настапот на партијата на парламентарните избори.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More