33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

„Alfa Romeo“ ја испрати „Giulietta“ во историјата

Најчитани вести

Италијанската компанија „Alfa Romeo“ го запре производството на својот хечбек „Giulietta“ по 11 години производство, што го прави овој модел еден од масовните автомобили со најдолг стаж во последно време. Одлуката беше донесена во 2020-та година, оставајќи ја „Alfa Romeo“ со само два модели во својата гама – седанот „Giulia“ и кросоверот „Stelvio“.

„Трендот е да има повеќе „SUV“ модели во „C“ сегментот, така што нашиот иден автомобил – „Tonale“, ќе ја замени „Giulietta““, вели производниот менаџер на италијанската марка Фабио Милаваца.

Тој додаде дека „Alfa Romeo“ се фокусира на динамиката на возење, а „Tonale“ ќе се претстави импресивно во овој поглед, и покрај тоа што е теренец, а не хечбек.

Во 2020-та година, во Европа беа продадени само 10.817 примероци на „Giulietta“, што е скоро 2,5 пати помалку од резултатот во 2018-та година – 26.632. Првично беше планирано да се запре продажбата на моделот на крајот на 2020-та година, но овој период беше продолжен затоа што сè уште има примероци кај дилерите.

Стопирањето на „Giulietta“ значи дека „Alfa Romeo“ повеќе нема да нуди производ од Б-сегмент скоро една година, бидејќи премиерата на „Tonale“ беше одложена на инсистирање на новиот извршен директор на компанијата Жан-Филип Импарато. Тој сака да ги подобри хибридните верзии на кросоверот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести