Home » Alfa Romeo подготвува суперавтомобил за следната година

Alfa Romeo подготвува суперавтомобил за следната година

by Журнал.мк

Alfa Romeo работи на развој на суперавтомобил во чест на својот Ф1 тим, но и на познатиот твин-турбо V6 мотор кој ја придвижува Giulia Quadrifoglio.

Извршниот директор на Alfa, Жан-Филип Импарато, неодамна изјави дека има мисија да им даде достојно испраќање на автомобилите со мотори со внатрешно согорување, чие производство ќе заврши во 2025 година, а иднината на компанијата ќе ја преземат електрични возила. Alfa неодамна го шокираше светот дека ќе се дистанцира од спортскиот имиџ и ќе стане „порационална“, а веста ја потврди и шефот на британската филијала на компанијата, Демиен Дали.

Сè има смисла со оглед на фактот дека SUS моторите на Alfa, како и тимот на Ф1, нема да постојат уште долго. Audi е блиску до купување на 75% од акциите во работењето на тимот на Alfa Romeo Orlen F1, кој всушност е официјално во сопственост на Sauber.

„Ако еден ден можам да кажам ‘Alfa е безбедна’, тогаш Dueto и 33 Stradale ќе ми бидат омилени во иднина. Би сакал да ги пласирам на пазарот. Можеме да сонуваме“, изјави Импарато.

Duetto се враќа како електричен модел, што значи дека 33 Stradale е веројатен кандидат. 33 Stradale беше еден од првите суперавтомобили во светот, а се произведуваше истовремено со Lamborghini Miura. Сепак, произведени се само 18 примероци на Stradale.

Ова не е прв пат Импарато да навести за модерен 33 Stradale, но пред само неколку месеци стана јасно дека тој треба да има електричен, а не SUS погон.

Alfa F1 полека ќе го испрати тимот на Audi F1, а кога станува збор за друмски автомобили, марката полека ќе го напушти спортскиот имиџ и ќе се сврти кон производство на серии на електрични автомобили. Тоа е далеку од истиот бренд кој изгради два специјални модели за да го прослави своето краткотрајно враќање во Формула 1.

Промените во Alfa се неизбежни, но пред тоа компанијата сака уште еднаш да ја покаже својата „дива страна“. Новиот 33 Stradale дефинитивно би бил достоен за тоа, а исто така би послужил и како соодветно збогување за легендарниот бренд кој се менува поради електричната револуција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk