Славниот Алесандро Неста по поразот на Монца од Јувентус со 1:2 доби отказ на клупата на Монца.
Пристигна Неста со големи очекувања во Монца, но неговите резултати беа разочарувачки и отказот не е изненадување.
Со Монца Неста има само една победа, седум нерешени натпревари и девет порази.
Веќе е познато и кој ќе го наследи Неста, тоа ќр биде Паладино.
Монца не чекаше долго пред да ја промовира замената за Неста, па така го постави Паладино за негов наследник.
На табелата во Серија А, Монца е последна со само десет освоени бода по 17 кола.