По турбулентните врски, Александра Младеновиќ реши да го задржи љубовниот живот само за себе. Сепак, пејачката сега покажа скап прстен, а сите претпоставуваат дека се работи за веренички.
Иако реши да ги држи партнерите подалеку од очите на јавноста, Александра Младеновиќ го покажа дијамантскиот прстен.
Пејачката на својот Инстаграм профил сподели кратко видео на кое се гледа накитот, но засега не откри од кого го добила и дали се работи за веренички прстен. Таа реши да остане мистериозна кога е љубовта во прашање.
Сепак, како што откри извор близок до пејачката за српски Информер, дијамантскиот накит вреди нешто повеќе од 5.000 евра.
Инаку, Александра Младеновиќ неодамна беше на краток одмор на Копаоник, а како што дознава Информер, додворувачи имала насекаде околу неа.