Home » Александра е болна и неподвижна, го има само татко и… живеат во недоправена куќа од цигли, без струја

Александра е болна и неподвижна, го има само татко и… живеат во недоправена куќа од цигли, без струја

by Журнал.мк

На социјалните мрежи се врти еден апел за помош на девојка чија приказна е срцепарателна.

Александра е девојка која е неподвижна и со здравствени проблеми уште од своето детство. Нејзината мајка не можела да ја издржи тежината на нивните судбини па по долго лекување на депресијата си го одземала живото, па сега Александра го има само нејзиниот татко. Нема другарки и пријатели, а живеат во супстандардни услови и токну поради тоа им е потребна помош!

Во продолжение прочитајте го апелот во целост:

“Велат “кога животот ти дава 1000 причини да плачеш, ти покажи му дека имаш 1001 причина да се смееш”, но дали е секогаш така?

Во прилогот подолу ќе ја видите и прочитате можеби најтажната (не можам да речам приказна) сурова вистина за Александра од Тетовско. Александра е девојка на која животот до сега не и дал ниту една причина да се смее, Александра не знае која сум, не знаеше зошто сум кај нив, таа за жал не користи интернет затоа што нејзините раце не можат да држат телефон.

Нејзината мајка, после неколку годишна борба со депресија, си го одзема животот. Александра во тој момент има само 8 години. Сведок е на огромната трагедија….

Тука почнува агонија…”Се разболе Александра, порасна и заврши 8мо одделение, секој ден ја носев и земав во раце, но веќе беше тешка за да ја носам на грб до 7 спрат. Го продадов станот, купив плац тука во село и сам направив куќа, толку можев” – кажува татко и.

Сандра е психички стабилна, со успорена моторика на говор, но свесна е за се, се сеќава на се. Таа копнее по светлина, по другарки, копнее по смеа. Другарки нема, не ја посетува скоро никој. Другар и е само татко и и телевизорот кој им го
Мила е, тивка и паметна. Живеат во една соба која е целиот свет на Сандра. Тука спие, тука јаде и извршува физиолошки потреби затоа што поинаку е неизводливо, нема во собите ништо….Голи зидови, непријатна миризба, на гол бетон долу, во немалтерисана соба таа сонува за симпатии, розеви трењерки, розева соба, купатило и фотеља! Замислете ФОТЕЉА.…..

Во куќата нема поврзано електрична енергија затоа што немаат да платат за приклучување пд ЕВН. “Тој проблем кога ќе го решам, мислам мирно ќе спијам”, кажува чичко Симо.

‼️❗️ВЕ МОЛАМ СИТЕ❗️‼️ВЕ МОЛАМ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА САНДРА!
Потребна е помош од секој вид. Прво за да се стекнат услови за пристоен живот куќата мора да се оспособи, затоа ајде да и ја оствариме желбата на Александра…

Потребно е:
Храна, средства за хигиена
Готов малтер
Ламинат
Лепак, мрежа, абрип
Плочки, лепак, фуга
Стиропор, ламинат, гипс табли
Кујна, теписи, завеси,
Розева боја за зидови, розева постелнина за најголемата желба на Сандра.

Овој апел ќе биде малку поразличен од апелите до сега. Поради состојбата во собата и Сандра, нема да може да се посетува често. Сите донации ќе одат преку мене, за овој апел со молба од чичко Симо поради оправдани причини нема да се користи негова трансакциска сметка.

🛑ВЕ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ КОИ МОЖЕТЕ ДА ПОМОГНЕТЕ, СПОДЕЛУВАЈТЕ. СИТЕ КОИ ШТО ЌЕ ЈА ВИДИТЕ ДИЈАГНОЗАТА НА САНДРА АКО ЗНАЕТЕ ДЕКА ПОСТОИ ШАНСА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА КОНТАКТИРАЈТЕ МЕ🛑

Апелов нека стигне до сите големи фирми, компании, бизнисмени, иселеници кои се во можност да помогнат, до сите хумани луѓе, СПОДЕЛУВАЈТЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ И ДА И ПОДАРИМЕ НА САНДРА 1001 ПРИЧИНА ДА СЕ НАСМЕЕ!

Нека тоа биде наш подарок за нејзиниот роденден кој е на 13 Јуни!

ЗА СЕКОЈ ВИД НА ПОМОШ ПИШЕТЕ МИ ИЛИ БАРАЈТЕ МЕ НА: Viber, WhatsUp, телефонскиот број: 078-223-095 – Габи!

П.С. Ве молам не ми се јавувајте за алишта затоа што приоритет е адаптацијата на домот, алишта сега не можам да собирам а нема ни каде да се ставаат.

Здружение на граѓани “Софка – Тетово”, стои во објавата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More