Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, не е без проблеми и пред стартот на новото издание во Лигата на нации. Има проблеми со повреди.
Александар Трајковски и Милан Ристовски поради повреда (мускулно истегнување) нема да бидат во комбинација за настап против Фарски Острови и Ерменија. Ова значи дека навалната линија ќе биде значително ослабена.
ФФМ објави дека ќе информира дополнително во врска со евентуален повик на нови фудбалери.