На денешната седница на Централниот одбор на #СДСМ, генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ е избран за Шеф на Централниот изборен штаб за претстојните локални избори.
Следува интензивна, одговорна, теренска работа со граѓаните, со членовите.
Ќе излеземе со најдобра програмска понуда пред граѓаните со најдобриот тим и кандидати за градоначалници и советници.
Со нова енергија, ентузијазам и решителност #СДСМ е подготвена за локалните избори.