Рок музичарот Александар Јосифовски се разведе од сопругата, велешанката Теодора Пемова по осум години брак.
Веста за крајот на нивниот заеднички живот дојде како изненадување за јавноста, бидејќи парот важеше за еден од најстабилните на естрадата. Теодора беше покрај Александар од самите почетоци на неговата регионална кариера, кога се појави во музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд”.
Го бодреше и го следеше на сите негови настапи, а тој отворено зборуваше за нивната голема љубов.
Сега пак, за српските медиуми ја потврди веста за разводот, откривајќи дека одлуката била тешка и не била донесена преку ноќ.
-Решивме секој да продолжи со својот живот. Уживав во нашиот брак и на Теодора и ја посакувам сета среќа на светот.
Сакавме да поправиме некои работи, но едноставно не одеше. Не е во прашање љубомора, ниту пак неверство.
Благодарен сум и што беше покрај мене во најтешките моменти од мојот живот и тоа нема никогаш да и го заборавам, изјави охриѓанецот за Гранд Нова.
Инаку, Александар стекна регионална популарност по учеството во ,,Ѕвездите на Гранд” каде го освои второто место. Неговиот талент не остана незабележан, и кариерата му тргна во угорна линија.
Редовно снима нови песни, соработува со познати музички имиња од регионот, и има неколку турнеји во странство зад себе. Пред неколку години откри дека се борел со алкохолизам, и дека со помош и поддршка на најблиските успеал да ја победи зависноста.