Во пресрет на дербито против Милан, Јувентус соопштии дека Алекс Сандро има коронавирус
Дефанзивецот на Јувентус, Алекс Сандро е позитивен на ковид-19.
„Јувентус соопштува дека по појавата на некои благи симптоми и проверка направена специјално за играчот Алекс Сандро, тестот покажа дека е позитивен на ковид-19. Тој веќе беше во изолација“, стои во соопштението на Јувентус.
Алекс Сандро одигра 83 минути во вчерашната победа на Јувентус од 4-1 против Удинезе.
Јувентус ќе биде без него на гостувањето кај Милан во среда, а можно е да бидат направени и тестови на другите фудбалери со цел да се види дали е можно да се раширил и на други играчи.