Home » Албанскиот премиер ги повика светските лидери:„Jадат, пијат и се фотографираат а се работи за иднината на светот“

Албанскиот премиер ги повика светските лидери:„Jадат, пијат и се фотографираат а се работи за иднината на светот“

by Журнал.мк

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше самитот за климатски промени COP29 во Баку и праша која е смислата на меѓународните преговори за климата доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување.

– Таму луѓето јадат, пијат и се фотографираат. Ова ми изгледа како она што се случува во светот секој ден. Животот продолжува, со старите навики, додека нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени – не менуваат ништо – рекол Рама, пишува Гардијан.

Рама укажа на вчерашната изјава на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој посочи дека емисиите на јаглерод диоксид се зголемени од последниот самит на COP.

– Што значи за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат како досега. Што всушност правиме на овој собир, повторно и повторно, ако нема заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да се постигне единство за вистински промени – праша Рама.

Говорот на Рама го пренесоа водечките светски медиуми.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk