Home » Албански државјанин со мачета се обидел да влезе во полициска станица во Германија

Албански државјанин со мачета се обидел да влезе во полициска станица во Германија

by Журнал.мк

Албански државјанин е уапсен откако со мачета во раката се обидел да влезе во полициска станица во Германија, во градот Линц.

Повикувајќи се германските медиуми, А2 Си-Ен-Ен, наведува дека настанот се истражува како терористички напад, бидејќи лицето, за кој се наведува дека има 29 години, кога се обидело да влезе во станицата извикувал „Алах Акбар“.

-29 годишникот, кој живее во малото гратче Линц, утрово околу 02:40 часот тргнал пеш до станицата „Ам Конвикт“. Таму постојано извикуваше „Алах Акбар“ и велеше дека сака да ги убие полицајците, рекол Крузе, пренесува телевизијата.

Она што напаѓачот очигледно не го очекувал е дека за да стигне до полиција ќе мора да помине низ втора врата што може да ја отвори само чуварот.

Полицаецот успеал да ја затвори надворешната врата, при што лицето кое се обидело да влета во полициската станица било заробено меѓу двете врати.

Со струен удар бил онеспособен и уапсен.

-Првичните истраги откриле докази дека тој бил мотивиран од исламски радикализам, затоа случајот го презеде Централната канцеларија на државата Рајнланд-Пфалц за борба против тероризам и екстремизам при Јавното обвинителство во Кобленц“, додал обвинителот Крузе.

Според него по проверките во неговиот стан, на еден од ѕидовите е пронајдено знаме на терористичката организација „Исламска држава“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk