13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Албанија поради пандемијата загубила речиси четири милиони странски туристи во однос на лани

Најчитани вести

Бројките на туристи кои ја посетиле Албанија во перодот јануари – ноември 2020 година покажуваат дека пандемијата предзвикала колапс во туристичкиот сектор во Албанија.

Според Институтот за статистика, ИНСТАТ, за еднаесет месеци на албанска територија бројките на туристи не се ни половина во однос на оние во истиот период претходната година.

Ограничувањето на движењата и затворањето на границите заради пандемијата создадоа драматична ситуација за туризмот каде што бројот на туристи е преполовен оваа година. Поконкретно, во периодот јануари – ноември Албанија ја посетија 2,4 милиони луѓе, што е огромно намалување во споредба со 2019 година, кога имавме над 6,1 милион туристи. Во проценти, падот изнесува 59,5 отсто – наведува ИНСТАТ.

И покрај значителното намалување, Албанија останува омилена дестинација за жителите на Косово. Според извештаите, 1,3 милиони од нив ја преминале границата, но и таа бројка е помала за 40,4 отсто во споредба со минатата година.

Најголем пад е забележан кај шпанските туристи со 90,7 отсто. Во Албанија престојувале 2.613 Шпанци наспроти 28.167 претходната година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести