15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Албанија ја зајакнува декриминализацијата

Најчитани вести

Албанија ја зајакнува декриминализацијата со што секој кој е осуден во некоја од земјите каде што живеат значителен број Албанци, не ќе може да се кандидираат на парламентарни и локални избори или да бидат поставени на одговорна функција.

Ова по разрешувањето и изведувањето пред лицето на правдата на локални функционери или пратеници а во пресрет на парламентарните избори закажани за 25 април.

Во член 2 од законот за „гаранција на интегритетот на лицата кои се избираат, наименуваат или обавуваат политичка функција” усвоен во 2015 годна, освен земјите на Европската унија, САД, Канада и Австралија, во списокот се додадени уште осум европски држави, Швајцарија, Норвешка, Исланд, Србија, Црна Гора, Севера Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.

Предлогот до Собранието го достави Васил Стерјовски, пратеник од Македонска алијанса за европска интеграција, и се очекува да се расправа на почетокот на новата парламентарна сесија,која почнува на 18 јануари.

Сите оние граѓани кои биле осудени од судски орган на овие земји,па дури ако таа одлука не е правосилна, но исто така и оние кои имаат одлука за протерување од територијата на овие земји, не можат да бидат гласани на избори, потоа во Собранието, вклучително и Владата, Советите на општините и окрузите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести