23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Албанија е подготвена, ќе вакцинира по 60 лица во еден час

Најчитани вести

Албанија интензивно се подготвува за почеток на вакцинацијата против Ковид-19,со цел оваа активност да помине во најдобар ред.

Премиерот Еди Рама и министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу беа во обиколка на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана, чиј внатрешен простор ќе се користи за вакцинација против Ковид-19.

Министерката рече дека се преземени сите мерки од безбедносен аспект и оти се подготвени тимови кои ќе ја спроведуваат имунизацијата.

-Досега има поставено 20 кабини од вкупно 60 колку што ќе има за вакцинација. Планираме да вакцинираме 60 лица на секој час, можеби малку повеќе граѓани. Вакцнацијата ќе се одвива 8-10 часа на ден. Секако дека првите вакцини што ќе дојдат се посветени на ризични групи според нашиот план за имунизија,рече Манастарлиу.

Ќе имаме и тимови за итни случаи што ќе бидат поставени на ,за тоа определени места, или надвор од стадионот или во просториите на самиот стадион.

По Тирана, најави таа, вакви центри за вакцинација ќе бидат отворени во Валона и Скадар.

Премиерот Еди Рама оптимист е дека вакцинацијата ќе почне третата недела од јануари,но,како што додаде можно е и порано.

-Се наоѓаме во реално многу позитивна фаза кога станува збор за перспективата на овој почеток. Ќе почнеме третата недела од јануари, се надеваме уште побрзо. Обезбедивме 500.000 вакцини и ова значајна акивност ќе се одвива според утврдениот календар, рече Рама.

Повтори дека со почетокот на вакцинацијата, во која најпрво ќе бидат опфатени здравствените работници, дел од вакцините ќе бдат дадени за здратсвените работници на Инфективната клиника во Приштина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести