Home » Албанија забрани увоз на свинско месо од земјава, ќе бара сертификат

Албанија забрани увоз на свинско месо од земјава, ќе бара сертификат

by Журнал

Според одлуката на албанските власти која е донесена на неопределено време, сепак, се дозволува увоз на свињи и свинско месо од с македонија во Албанија доколку со сертификати се докаже дека производите не се заразени со африканска чума.

Соседна Албанија престана да увезува свињи и свинско месо од земјава откако кај дел од овие животни е откриена болеста африканска чума, јави албанската телевизија „Ора њуз“.

Одлуката е донесена од страна на министерството за земјоделство и рурален развој на Албанија, на неопределено време. Сепак, според одлуката на албанските власти, увоз на свињи и свинско месо од С.Македонија во Албанија ќе биде можно доколку со сертификати се докаже дека производите не се заразени со африканска чума.

Од македонската агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот соопштија дека африканската чума последно е регистрирана во одгледувалиште на свињи во кумановското село Тромеѓа, каде што угинале 60 свињи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More