Home » Албанија се попривлечна дестинација, за два месеца ја посетиле еден милион туристи

Албанија се попривлечна дестинација, за два месеца ја посетиле еден милион туристи

by Журнал.мк

Туристичкиот сектор во Албанија и годинава стартуваше со оптимистички показатели, што потврдува дека станува се попривлечна дестинација. Според Институтот за статистика (ИНСТАТ) само во јануари и февруари Албанија ја посетиле над еден милион странски туристи, што е за 11 отсто или за 106.316 лица повеќе споредено со истиот период минатата година.

Во соопштението од ИНСТАТ се наведува дека туристите кои доаѓаат од Европа се двојно повеќе во споредба со истиот период пред една година. Како и дека не заостануваат туристи од Африка или САД.

Бројот на туристи во Албанија минатата година достигна историски рекорд, 11.700.000 странски државјани што е за 15,2 отсто повеќе споредено со претходната година.

Податоците на Централна банка на Албанија покажуваат дека албанската економија имала корист од околу пет милијарди евра во текот на 2024 година, што е за 800 милиони повеќе во споредба со 2023 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk