Home » Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините

Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините

by Журнал.мк

Недостигот на работна сила во индустријата за облека и обувки, како и во туризмот ја натера албанската Влада да преземе дополнителни мерки за да гарантира непречено функционирање на овие бизниси.

За да ги задоволи овие потреби, извршната власт е во завршна фаза на потпишување договор за увоз на квалификувани работници од странство.

Во меѓувреме, се дознава дека од овој договор се очекува во Албанија да пристигнат околу 40.000 квалификувани работници од Филипините.

Договорот се очекува да биде одобрен во јуни од албанската Влада. Од овие вработени, 15.000 од нив се очекува да бидат вработени во преработувачкиот сектор, додека останатите ќе бидат вработени во туризмот и другите сектори од економијата погодени од кризата од недостиг на домашна работна сила, изјаво генералниот директор за вработување и стручно образование во Министерството за економија, Албин Гега.

Филипините се избрани бидејќи е земја за чии државјани Албанија не служела како транзит за илегални имигранти во западните земји.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More