Home » Албанија ќе го гради четвртиот аеродром во Ѓирокастро

Албанија ќе го гради четвртиот аеродром во Ѓирокастро

by Журнал

Албанската влада најави дека во текот на оваа година ќе распише тендер за изградба на аеродром во Ѓирокастро, јужна Албанија, објавија албанските медиуми.

Тоа ќе биде четвртиот аеродром во Албанија, по меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Ринас до Тирана, аеродромот во Кукс (Северна Албанија) и аеродромот во крајбрежниот град Валона, кој треба да профункционира во 2025 година.

Одлуката на албанската влада за аеродромот во Ѓирокастро доаѓа по незаинтересираноста на инвеститорите за изградба на аеродром во Саранда, повторно во јужна Албанија, каде што првично беше планирано.

-Јужниот аеродром е наменет да биде во Ѓирокастро и ќе ја опслужува целата (јужна) област, вклучувајќи ги Саранда и Ксамил, рече вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку.

Ѓирокастро, познато како „Стоун Сити“, е вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО од 2005 година.

Локалните жители во Ѓирокастро изразија задоволство од веста за аеродромот, бидејќи локалната самоуправа и Форумот за развој на аеродромите во градот со години вршат притисок за да добијат одобрение за аеродром таму.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More