Home » Албанец со такси сакал да внесе 8,2 кг марихуана и автоматско оружје во Македонија

Албанец со такси сакал да внесе 8,2 кг марихуана и автоматско оружје во Македонија

by Журнал

Албанската полиција привела жител на Паскуќан, Тирана, при обид со своето такси возило во Македонија да прошверцува марихуана и огнено оружје со муниција.

– Финализирана е полициската акција под шифра „Таксист“ во која е уапсено лицето М.М.(51) откако при контрола на возилото со кое вршело такси превоз се откриени 8,2 килограми марихуана и автоматско огнено оружје „Скорпион“ со муниција. Истите беа спакувана во две вреќи и ставени во патнички торби. Возилото е запрено во близина на Поградец а крајната дестинација на заплента била Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Се додава дека акцијата е дел мерките изготвени во рамки на оперативниот план „Владеење на правото“, за спречување, откривање и сузбивање на граничниот криминал.

Ова не е прв обид за шверц на марихуана од албанска на македонска територија, од овој дел на Албанија, но најчесто нарко-шверцерите тоа се обидуваат да го направат со чамци преку Охридското Езеро.

Неодамна полицијата од Поградец запленети околу 30 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана со рибарски чамец, а на сопственикот за транспорт на дрогата требало да му платат по 500 евра по килограм.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More