Home » Албан Малиќи меѓу светските лидери на престижниот Молитвен појадок

Албан Малиќи меѓу светските лидери на престижниот Молитвен појадок

by Журнал.мк

Албан Малиќи еден од сопствениците на групацијата, член на бордот на директори на Mалиќи Груп и почесен конзул на Мексико, во кругот на светските лидери, Малиќи учествуваше на Утринската молитва, каде што присуствуваше и претседателот Доналд Трамп.

Меѓу илјадници претставници од целиот свет, претприемачот и филантроп Албан Малиќи, од Maliqi Group, беше поканет на Националниот појадок со молитва, кој се одржа во Капитол, Вашингтон, и беше организиран од Американскиот Конгрес.

Главниот говор на настанот го одржа новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Овој настан, чија организација започна пред 71 година, собира законодавци и владини претставници од САД и светот, претставници на различни институции, бизниси и добротворни организации.

За време на неговото учество на овој значаен политички настан, претприемачот Албан Малиќи имаше можност да се сретне со меѓународни лидери и претставници на бизнис заедницата. Со долгогодишно искуство во областа на бизнисот и филантропијата, Албан Малиќи во своите средби и разговори со учесниците ја истакна важноста на меѓународната соработка и позитивното влијание на приватниот сектор во создавањето можности за развој на Балканот и поддршката на хуманитарни иницијативи во регионот.

„Учество на овој настан беше извонредна можност за промовирање на вредностите на мирот и соработката,“ изјави Малиќи.

Националниот појадок со молитва е еден од најзначајните настани во меѓународната политика и е организиран од Американскиот Конгрес од 1953 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk