73
Актерот Џон Крајер, најпознат по улогата на Алан Харпер во хит серијата „Two and a Half Men“, денес изгледа значително поинаку од ликот што го играше 12 сезони во овој ситком.
Актерот Џон Крајер, најпознат по улогата на Алан Харпер во хит серијата „Two and a Half Men“, денес изгледа значително поинаку од ликот што го играше 12 сезони во овој ситком.
Крајер почнал да ја губи косата уште за време на снимањето на хумористичната серија, а екипата на серијата се обидувала да го прикрие тоа на различни начини, како што се разни спрејови за коса, перики и тупеа.
Откако завршило снимањето, Крајер целосно го променил својот имиџ и ја прифатил ќелавоста.
Џон соработуваше со Чарли Шин 8 сезони од серијата, пред Ештон Качер да ја преземе главната улога во 2011 година.
Кога на почетокот на оваа година се појавија гласини за римејк на „Two And a Half Man“ со оригиналната екипа, Крајер рече дека повеќе не сака да „има работа“ со Чарли.
„Во времето кога ја снимавме серијата, Чарли беше најплатениот телевизиски актер. Сепак, тој успеа да го упропасти тоа, што ве тера да се замислите. Го сакам, му посакувам сè најдобро, но не би можел повеќе да соработувам со него“, рече тој во ток-шоуто „The View“.
Инаку, Џон заработувал околу 550.000 долари по епизода, а денес неговото богатство се проценува на околу 70 милиони долари.
@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk