Насер Ал Келаифи имаше неколку бурни обраќања во последно време кога е во прашање сопствеништвото на „Паркот на принцовите“, односно не криеше дека раководството на ПСЖ е во конфликт со водечките луѓе на градот Париз.
Пред неполн месец, првиот човек на „светците“ најави дека градот има уште малку време за да го извади случајот од „мртва точка“, но откако било увидено дека нема никаква интеракција од спротивната страна, ПСЖ како клуб сега се решил за радикален потег.
Францускиот шампион од наредната сезоната нема да игра на „Паркот на принцовите“, а голема е веројатноста е дека катарскиот фонд кој раководи со ПСЖ ќе изгради нов модерен дом во некое париско предградие.
– Готово е со „Паркот на принцовите“, сакаме да си одиме. По последните разговори, стана многу јасно и одлука за нас е едноставна.
– Не сакаат да го продадат стадионот и за жал, мора да си одиме. Потрошивме многу години обидувајќи се да го купиме стадионот од градот, но сега е време да си одиме, – изјавил Ал Келаифи денеска пред француските новинари.