Home » Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија

Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија

by Журнал.мк

Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска ги посети капиталните проекти во градот. Салата АСНОМ, прочистителната станица, новиот пазар и новата градинка со капацитет за околу 150 дечиња.

„Станува збор за капитални проекти коишто беа навистина потребни и коишто сериозно го олеснуваат животот на граѓаните во Делчево.

Филипче оценува дека овие проекти не се само инфраструктура, туку се вложување во подобар живот за сите граѓани, проекти кои го менуваат животот на граѓаните на подобро. За жал, денеска Делчево не само што нема капитални проекти туку истото е целосно заборавено а тоа најмногу се одразува на граѓаните и тоа само затоа што градоначалникот не е од истата партија.

„Еве сега гледаме што значи да се нема поддршка од влада. Од оваа актуелна влада практично Делчево е заборавено и целосно е маргинализирано. Жалам што прават таква политичка сегрегација врз основа на тоа кој градоначалник од која партија е, тоа граѓаните навистина не го заслужуваат“, потенцираше Филипче.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk