Оскаровецот Шон Пен во интервју за странските медиуми, коментирајќи го односот кон машкоста во денешното општество, изјавил дека „кукавичките гени“ ги навеле мажите да носат здолништа наместо фармерки.
За време на едно неодамнешно интервју, Шон Пен, меѓу другото, рече дека бил во животот со силни жени кои не ја разбирале мажественоста како облик на угнетување кон нив.
„Мислам дека мажите, според мене, станаа прилично феминизирани“, тврди познатиот актер и додава дека „кукавичките гени“ ги навеле мажите да ги заменат фармерките со здолништа.
На почетокот на овој месец, Пен исто така рече дека нема, ниту имал врска со машкоста ако некој е груб или навредува и не ги почитува жените.
“Но, не мислам дека за да бидеме коректни кон жените, треба да станеме тие“, изјави актерот и режисер.
Пен моментално го промовира својот нов акционен филм „Ден на знамето“ во кој глуми заедно со неговата 30-годишна ќерка Дилан Пен, која ја доби со колешката Робин Рајт.
На интервјуто присуствувала и ќерката, а наводно, новинарката која го водела разговорот тврди дека Дилан по завршувањето молчејќи си заминала „загледан во празно“ поради коментарите на нејзиниот татко.