Home » Ако ционистите не престанат со злосторствата, ќе се соочат со пожестока реакција, порача иранскиот претседател

Ако ционистите не престанат со злосторствата, ќе се соочат со пожестока реакција, порача иранскиот претседател

by Журнал.мк

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Израел мора да престане со „своите злосторства“ или ќе се соочи со жестока реакција.

Пезешкијан зборуваше еден ден откако Иран истрела речиси двесте ракети врз Израел и откако земјата отиде чекор понатаму во конфликтот со Хезболах со испраќање копнени трупи преку границата со Либан. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави одмазда за иранскиот напад.

„Доколку ционистичкиот режим не престане со своите злосторства, ќе се соочи со посериозни реакции“, рече Пезешкијан во пресрет на претходно планираното патување во Катар, пренесуваат државните медиуми.

Пезешкијан, претседател кој се смета за поумерен од неговиот претходник, на државната телевизија рече дека главната цел на неговото патување во Доха е да разговара за билатералните односи меѓу двете земји и да потпише договори со катарската влада.

Таму ќе учествува и на средбата на врвот на Дијалогот за азиска соработка.

„Втората цел е да се разговара за тоа како азиските земји можат да ги спречат израелските злосторства во регионот и да ги спречат непријателите да започнат хаос на Блискиот Исток“, рече тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk