Home » Акциите на светските берзи продолжуваат со пад и денеска

Акциите на светските берзи продолжуваат со пад и денеска

by Журнал.мк

Акциите на светските берзи продолжуваат со пад и денеска по постојаните предупредувања за можна руска инвазија на Украина, што според официјални извори може наводно да се случи неделава.

Загриженоста од голем конфликт во Европа предизвика и зголемување на цената на нафтата на рекордно ниво во последните седум години. Тоа го потиснаа еврото, и ги натера инвеститорите да се вратат на државните обврзници и на американски долари, јавија некои американски медиуми.

Американската S&P 500 денеска падна за 0.5 отсо, додека Russel 2000 се намали за 0.3 отсто. На претходната сесија, европските берзи паднаа 2.6 проценти, додека јапонската Никеи падна за 2,2 отсто.

Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво во последните седум години поради загриженост дека можната инвазија на Украина ќе предизвика американски и европски санкции и ќе го наруши извозот од големите земји производители и извознички на нафта.

Пазарите се во грч откако алармантно високо ниво на инфлацијата во САД предизвика шпекулации дека Федералните резерви може да ги подигнат каматните стапките за цели 50 базични поени во март.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More