14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Акција на тетовската полиција: Откриени речиси 100 возила со недозволени фолии

Најчитани вести

За шест часа откриени се 96 прекршоци кои се однесувале на недозволеното поставување фолии, соопштија денеска од тетовската полиција. Акцијата за оваа конторола се спровела од 10 до 16 часот вчера на тетовското подрачје на пет пунктови.

– При контролата биле откриени 96 прекршоци кои се однесувале на фолии, четири возила со измината сообраќајна дозвола и едно со неисправни сопирачки. Пет од контролираните возила веднаш се исклучени од сообраќај, додека на другите изготвени им се записници за констатирани прекршоци и писмени предупредувања, соопштија денеска од СВР Тетово.

Во текот на контролната активност се откриени и други сообраќајни прекршоци.

– Вчерашните контролни активности, исто така, откриени се и пет лица кои ги управувале возилата без возачки дозволи, двајца возачи–почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, еден не носел возачка дозвола и два други видови прекршоци.И овие прекршоци санкционирани се со законски предвидените поднесоци, информира СВР Тетово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com