Се крчка новиот предлог закон за Судски Совет со кој треба да се регулираат критериумите и начинот кој се донесува на изборот и разрешување на членовите на Судскиот совет, судиите како и дисциплинската одговорност.
Со новото предлог законско решение треба да се надминат и сите оние недостатоци кои беа детектирани во пракса, но и да се утврдат рокови за постапување на Советот за работите од негова надлежност велат од Здружението за кривично право и криминологија.
Сепак иако законското решение се подготвува според препораките на оценската мисија а во склад и со отварањето на поглавјата со ЕУ изборот на челенови на Судскиот совет од страна на шефот на државата, но и на пратеничка група и натаму останува уставна категорија што според познавачите на овие прашања го отвара и прашањето за нови уставни измени кои во некоја понатамошна фаза како што вели академик Владо Камбовски исто така треба да бидат тема на дискусија.
И додека роковите газат, а доврбата во судството се топи што беше нотирано и во извештајот на ЕУ за Македонија познавачите на овие прашања велат дека следи сет на закони и законски измени кои треба да се донесат за да почне полека да се враќа довербата, но и независноста на судските истанци.
Во наредниот период покрај законот за судски совет треба да се прават интервенции во Законот за судови и во законот за судски буџет.