14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Ajlani Drakuma – уште еден хипер автомобил од ОАЕ

Најчитани вести

Компанијата Ajlani Motors од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на салонот за автомобили во Дубаи го покажа својот хипер автомобил Drakuma со екстремно лесна и цврста каросерија изработена од јаглеродни влакна.

Во сосема кусата агенциска информација стои дека моќната арапска ѕверка на тркала е развивана пет години, а спомнато е и дека како погонски систем е употребен  бензински twin turbo агрегат со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V.

Моќната машина на тркалата испорачува ергеле од 1200 разиграни арапски ждребиња.

Инаку, основачот на компанијата – Башар Ајлани (Bashar Ajlani) кажал дека за производството на хипер автомобилот Drakumа тој се уште бара инвеститори.

Во случај да ги пронајде, планира да организира производство само на лимитирана серија од 99 примероци.

За цената се уште нема никакви податоци, но несомнено ќе биде висока, изрзена во милионска сума на американски долари, односно, на ниво на останатите хипер автомобили.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com